Груевски не сака да ги коментира исклучувањата во ВМРО-ДПМНЕ. Дали е во прашање сценарио?

Како што рече Васко Ефтов, кој е сега истурено новинарско перо во таборот на Мицковски преку Алфа ТВ, ова ми ти било Панорама2. Па согласно на тоа било добро што Мицковски ја претвора партијата во затворен кружок, каде што одредени соработници на службите имаат привилегии, а одредени се стигматизирани како неподобни. Меѓутоа, за воља на вистината нити Васко нити никој од „бранителите на ликот и делот“ (не е згрешено ДЕЛОТ) на Мицковски не прашува нити под разно како е можно соработници на тајните служби да седат до „лидериштето“ и да бидат „помилувани“…
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не ги коментира разрешувањата и исклучувањата на повеќе патирски функционери, ниту открива дали се согласува со официјалниот став на партијата, дека прозваните меѓу кои и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, вршеле притисок врз пратениците да гласаат за отворање на уставните измени. Груевски вели посакаува силно, обединето и победничко ВМРО-ДПМНЕ. Ова пак не наведува да мислите дека Груевски се договарал со Мицковски да создадат привид дека ја чистат партијата за да може да се прелаже разочараното членство кое во Мицковски виде марионета соучесник во разнебитувањето на државата. Тој рече дека не ги знаел доказите за постапувањето на Мицковски. Ова не наведува да мислиме дека ова е прилично добро византиски испланирано сценарио. Упатените знаат дека Груевски беше мошне склон на византиски игри во водењето на неговата партија.
Како што еднаш рече Груевски вистината е како шило. Таа ќе врти, ќе врти и ќе пробие. Можеби тогаш ќе ги дознаеме работите во вистинското светло и ќе погледнеме убаво во темните ходници на корумпираните македонски политички кругови кои народот го држат во заложништво 30 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.