- Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Македонија нема иднина
- Вака изгледа кога ќе ве проголта ајкула! Страшна глетка – ви го врти стомакот
- Приказни од Булеварот: Ако дојде до нивото „ко*арот да биде директор или ВАРДАР ќе го нема, значи дека вардар ВЕЌЕ ГО НЕМА!
- Дали има живот во универзумот? Познатиот астронаут открива: Најдовме 6.000 планети надвор од Сончевиот систем
- „Гардијан“: Трамп може да прифати дел од условите на Путин за мир во Украина
- Тој беше најголемата љубов на Кејт Мидлтон! Принцезата засекогаш ќе ја памети страсната романса со згодниот дечко
- Кој го потпалува Скопје? Дали пожарите имаат политички ракопис?
- Харадинај гарантира членство на Косово во НАТО
- Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
Во оној момент кога Никола Груевски ќе стапне во Македонија, ќе издржува казна затвор, рече пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, коментирајќи ја изјавата на Бујар Османи дека најдобро би било Груевски да се врати во земјава бидејќи знае се за неа, а се наоѓа надвор од неа.
-Никола Груевски во оној момент кога ќе стапне во нашата држава ќе издржува казна затвор согласно конечни позитивни судски пресуди – вели Каевски.
Неодамнешната анкета на Фокус покажа дека Груевски има повисок рејтинг од Мицкоски и е меѓу политичарите со највисок рејтинг иако со години е надвор од државата.
Како што можете да видите, анкетата покажува дека Мицкоски има рејтинг од 10,5, а Груевски од 11,1 процент.
После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски.