Грузија ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната на нејзина територија

Грузискиот премиер ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната во неговата земја, откако властите запленија камион полн со експлозиви на пат кон Русија, каде што требало да биде употребен за терористички напад.

Грузиската служба за безбедност запленила илегална пратка со експлозив, која од Одеса требало да оди во рускиот град Воронеж, скриена во автомобилски акумулатори. Товарот пристигнал по копнен пат од Украина преку Романија, Бугарија и Турција.

Ова уште еднаш го потврдува она што, во принцип, дури и високи функционери на украинската Влада велат дека го сакале и веројатно сè уште го сакаат: втор фронт во нашата земја“, изјави вршителот на должноста премиер на Грузија, Иракли Кобахидзе.

Тој беше назначен да го замени Иракли Гарибашвили, кој поднесе оставка минатата недела за да може партијата Грузиски сон, која е на власт од 2013 година, да избере некој нов да ја води на овогодинешните избори.

Украинската амбасада во таа земја најави дека ќе ги испита наводите на грузиските безбедносни служби за „учество на украински граѓани во незаконски активности“ и го повика Тбилиси да не го политизира случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.