Нето добивка од 55,2 милиони евра и бруто полисирана премија од 941,1 милиони евра се предвидува со деловниот план на за работа на Групацијата Триглав во 2013 година, според кој комбинираниот количник на групацијата ќе изнесува 94,7 проценти.
Основната стратешка насока за 2013 година е профитабилно, сигурно и одржливо работење, која компанијата планира да ја реализира во стратешкиот период до 2015 година.Ако се земат во предвид продлабочувањата на економската криза на пазарот каде делува групацијата Триглав, овие планови се амбициозно поставени, стои во соопштението.Со предвидениот план, групацијата ќе пресмета консолидиран бруто износ на штети од 648,2 милиони евра, што претставува раст од пет проценти во однос на проценката во 2012 година, додека коефициентот на штети ќе изнесува 66,2 проценти, што е пораст од три проценти поени во однос на проценката за 2012 година.Во Групацијата Триглав се планира вкупната актива да изнесува 3,1 милијарди евра, што претставува раст за еден процент во однос на процената од крајот на 2012 година.Групацијата планира понатамошен раст на капиталот кој треба до крај на 2013 година да изнесува 611,9 милиони евра, што претставува раст од пет проценти во однос на процената на висината на капиталот на ден 31.12.2012 година.
МакфаксНето добивка од 55,2 милиони евра и бруто полисирана пре