Групна тепачка: Седум лица се истепале во Шуто Оризари

Синоќа се степале седум лица на подрачје на Шуто Оризари.

– На 23.07.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(49), М.Б.(20) и Џ.И.(52), од една страна и С.М.(39), С.И.(60), Л.И.(22) и Ш.М.(18) од друга страна, сите од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.