Грчкото МНР писмено ги известило колегите министри и други меѓународни организации за обврската за патните исправи на Македонија дека од 12 февруари мора да содржат „Северна“, инаку да не ги признаваат и да блокираат.
МНР на Грција, со официјален допис до надлежните министерства го активирал договорот од Преспа. Во директивата што ја добиле министерствата се потсетува дека на од 12 ти февруари е истечен петгодишниот технички преоден рок.
Последната информација од МНР е дека нашите државјани затекнати во странски змеји кои по 12-ти февруари треба да се вратат во Македонија тоа можат да го направат со патен налог преку амбасадите но и на самите аеродроми.
По 12-ти февруари за патување во странство пасошите мора да бидат со новото уставно име. а во последен момент беше соопштено дека мора да се менуваат и сообраќајните дозволи возачките и налепници НМК на табличките на возилата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.