Грција стана првата земја со мнозинство православни христијани што ги легализираше истополовите бракови.
На истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, беше одлучено по гласањето во четвртокот.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“.
- Над 1. 000 полицајци упаднаа во резиденцијата, ја сечеа бодликавата жица: Детали за апсењето на претседателот на Јужна КорејаЏун Сук Јеол стана првиот јужнокорејски претседател кој беше уапсен откако истражителите ги- прочитај повеќе
- Дел од администрацијата трпи притисоци, УПОЗ бара од опозицијата да не се „лепи“ на протеститеПретседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани- прочитај повеќе
- Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на ланец аптекиОсновното јавно обвинителство Кавадарци информираше дека е поднесена кривична пријава против судијка во- прочитај повеќе
- РУТЕ: Ако не се зголемат буџетите за одбрана во Европската унија, Европејците треба да научат рускиДлабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа, изјави денеска генералниот секретар на- прочитај повеќе
- Турска пратеничка му бакна рака на Ердоган и доби 200 лириВидеото од настанот во Адана на кое се гледа како пратеничка на владејачката- прочитај повеќе
Но, законот ја подели земјата, со жестоко противење предводено од моќната Грчка православна црква.
На предлог-законот му беше потребно мнозинство за да помине 300-члениот парламент.
- Околу нас конечно ќе бидат видливи луѓе кои беа невидливи, а со нив конечно ќе го најдат своето вистинско место многу деца – рече премиерот во парламентот за време на расправата пред гласањето.
– Реформата го прави животот подобар за неколку наши сограѓани, без да им одземе ништо од животот на многумина – додаде тој, пренесува Би-Би-Си.
По жестоката расправа во грчкиот парламент, 176 пратеници гласаа за, а 76 против.
Инаку, вечерва пред Синтагма се собраа две групи луѓе – верници кои се остро против законот со Грчката православна црква, како и ЛГБТ активисти кои со години се залагаат за негово донесување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.