Грција: Го убил шурата кога дознал дека со години му ја силувал ќерката

Маж од грчкиот град Волос со пушка го убил својот шура откако дознал дека со години му ја силувал ќерката.

Според грчките медиуми, 50-годишниот Грк по убиството сам се предал во полиција.

На мајка ѝ се заканува затвор, зашто го пуштила 10 годишниот син сам да се прошета
Британи Патерсон ја раскажала својата приказна за американските медиуми и рече дека моментално се бори против обвинението за несовесно однесување, поради што може …
Македонците живеат 10 години помалку од Швеѓаните, Австралијците, Швајцарците…! Прашањето е зошто!?
Табела од која се гледа дека Американците најкратко живеат во споредба со граѓаните од другите развиени земји, а најмногу трошат на здравствена заштита …

Се наведува дека осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил 33-годишниот брат на сопругата, а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото.

Уапсениот маж наводно и рекол на полицијата дека решил да го убие својот шура во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината деветта година.

Рекла дека вујко и ја уценувал дека ќе ги објави снимките и фотографиите од нивната врска.

Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.