Грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави пост за исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска.
Не станува за официјален амбер алерт, туку за фотографија и информации поврзани со 14-годишната, чија трага се загуби во понеделникот наутро во центарот на Скопје.
Споделени се сите информации, околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Паралелно, заедно со информациите, споделена и фотографија.
„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меѓу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.