Грчката банка „Piraeus“ објави во вторникот дека за 524 милиони евра ќе ги откупи филијалите на ослабените кипарски банки во Грција, за да мое грчкиот банкарски сектор да се заштити од должничката криза на островот.Трансакцијата ќе ја финансира грчкиот фонд за спас на банките HFSF, а подразбира дека во среда ќе бидат отворени сите 312 локални филијали на три кипарски банки кои се затворени од 19-ти март, кога Кипар го одби предложениот програм за странската финансиска помош кој опфаќаше оданочување на сите банкарски депозити и штедни влогови еднократно со 6,75 отсто на сумите до 100 илјади евра и со 9,9 проценти на сумите поголеми од 100 илјади евра, што предизвика навалица на штедачите во обидот да ги повлечат своите депозити, како на Кипар, така и во филијалите во Грција.Трансферот на кипарските филијали, коишто сочинуваат речиси десетина од грчкиот банкарски пазар, е составен дел од меѓународниот договор за помошта на Кипар, во износ од 10 милијарди евра, при што најмалата членка на Европската унија треба да собере уште околу 6 милијарди евра, и така земјата да го избегне банкротот и излегувањето од еврозоната.Банката „Piraeus“ ја победи во трката конкурентската „Alpha Bank“ во трката за купувње на грчкото работење на кипарските банки „Bank of Cyprus“, „Cyprus Popular Bank“ и „Hellenic Bank“.Благодарејќи на договорената трансакција, „Piraeus“ банката ќе стане втората според големината банка во Грција со вкупна актива од 95 милијарди евра заканувајќи ѝ се на моментално второрангираната „ Alpha Bank“. Ќе има депозити од 50 милијарди евра и нето кредити од 74 милијарди евра.
МакфаксГрчката банка „Piraeus“ објави во вторникот дека за 524 милиони евра ќе ги откупи филијалите на ослабените