Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија, која е воедно и европратеник побара во име на партијата да се распишат предвремени избори. Според нив договорот на Ципрас со Заев е штетен и по истиот треба да се произнесе народот на избори.
Мариа Спираки наведува во својата критика дека најголемиот дел од Грците не го поддржува договорот и доколку им се стави на гласање истиот ќе го отфрлат а партијата на Ципрас ќе ја симнат од власт.
Останува пред нас отворено прашањето доколку ние си ги завршиме сите работи како што се апнало тука, а другата страна во меѓувреме има промена на Владата кој ќе ни биде крив за тоа што следува со променето име и променет Устав?