Во полициската станица во Гевгелија денеска било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ било опожарено патничко возило „Нисан“ со грчки таблички.
Случајот во полиција го пријавила В.Р. (40), а како што соопшти полицијата, во опожарувањето на автомобилот нема повредени лица.
Возилото е сопственост на Т.М. (67) од Република Грција, кој имал привремен престој во Гевгелија.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.