Доволно е да внесете по едно топче дневно од ова вкусно задоволство, а рецептот се пренесува со векови.
Популарните „пастели“ се консумирале со векови, се споменуваат и во Хомеровата „Илијада“, а рецептот е стар повеќе од 6.000 години.
Станува збор за прекрасна комбинација од мед и сусам која што е феноменална за здравјето, јакнење на имунитетот и прочистување на крвта.
Изобилува со антиоксиданси кои што спречуваат развој на болести, а иако се познати и како „грчки доручек“, сепак може да се најдат и на подрачјето на Египет и Блискиот исток.
Состојки:
– 300 грама мед и
– 300 грама паста од сусам (тахини).
Подготовка:
Направете ја пастата така што ќе ги испржите семките од сусам, само внимавајте да не изгорат, а потоа со малку масло од сусам (една шолја сусам – две ќесички масло), ставете ги во блендер, додадете го и медот и мешајте додека не се добие смеса.
Од добро измешаните состојки направете топчиња.
Потоа топчињата извалкајте ги во семките од сусам и оставете ги во фрижидер додека не станат тврди.
Пријатно јадење!