Грчкиот премиер нуди една недела бесплатен одмор на Родос за туристите кои морале да заминат поради пожарот

Грчката влада ќе им понуди една недела бесплатен одмор на Родос на оние туристи кои биле принудени да го прекинат престојот на островот поради разорните пожари, најавил денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Грчката влада, во соработка со локалните власти, ќе им понуди една недела бесплатен одмор на Росо следната пролет или есен на сите оние кои го пропуштија поради пожарите“, рекол Мицотакис гостувајќи на британскиот канал ITV.
Нагласил дека големи пожари секогаш се случувале на Медитеранот, но дека последните години поради климатските промени нивните размери се зголемени.

„Имавме разорен пожар на Родос, но денеска островот се врати во нормала и нема активен фронт“, рекол Мицотакис и нагласил дека во текот на пожарите немало загуба на човечки животи, ниту извештаи за повредени.
Тој додал дека успеале да евакуираат 20.000 луѓе со големи мерки за безбедност

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.