ДА ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВАТА! Колку пари може да му донесе титулата во Мелбурн на Новак? Наградниот фонд е ЗГОЛЕМЕН, бројката е ОГРОМНА!

Наградниот фонд на Австралија опен е зголемен за 13 отсто и ќе изнесува 59,1 милиони американски долари, објавија организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 14 јануари во Мелбурн.

Во 2023 година, Австралија Опен имаше најмал награден фонд од сите четири Грен слем турнири од 76,5 милиони австралиски долари или 52,3 милиони американски долари.

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!
По завршување на 30 Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната …
Анџелина Џоли со оваа одлука ги доуништила родителите на Бред Пит! Тоа што го направи им ги скрши срцата
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн Пит, стравуваат дека никогаш повеќе нема да поминуваат време со своите внуци.Децата на Бред Пит не ги виделе своите баба и …

Го освоија српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка.

Победниците на изданието за 2024 година ќе заработат околу 3,15 милиони американски долари.

– Го зголемивме наградниот фонд за секое коло на Австралија опен, со големи зголемувања во квалификациите и раните рунди во сингл и двојки – рече директорот на турнирот Крег Тајли и ја нагласи потребата „најдобрите играчи во светот да бидат соодветно наградени.

Наградниот фонд на Австралија Опен е повеќе од двојно зголемен во изминатата деценија, но сепак е помал од 65 милиони долари на УС Опен ова лето. Наградниот фонд на Вимблдон годинава изнесуваше 56,9 милиони долари, а Ролан Гарос 54,9 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.