Ако сте сопственик на домашно милениче, веќе знаете дека не постојат зборови со кои можете да ја опишете радоста и љубовта кои ова животинче ги носи во вашиот дом. Миленичињата се совршено друштво, тие нѐ дочекуваат кога се враќаме дома, пресреќни го чекаат моментот да си играат со нас, прекрасно се сложуваат со децата и ни нудат несебична и безгранична љубов.
Тие секогаш се тука кога се чувствуваме лошо и осамено, кога ќе ни биде потребна утеха или прегратка, а и дефинитивно ни го разубавуваат животот.
Тоа се само дел од причините поради кои ни е тешко да се збогуваме со нашите миленичиња. Загубата на милениче е едно многу трауматично и болно искуство, нешто како разделба од најдобриот пријател. Многумина ја потценуваат болката која другите ја чувствуваат откако ќе загубат куче или мачка (или некое друго милениче), а научниците се посветиле на проучување на влијанието на оваа трауматична случка врз луѓето.
Истражувањето е спроведено на Одделот за психологија на Универзитетот во Ново Мексико. Научниците ги анализирале учесниците и нивните чувства по загубата на домашното милениче и сите констатирале дека болката била преинтензивна и предлабока. Интересно е тоа што истражувачите откриле дека болката која се јавува по смртта на миленичето често трае и подолго од болката која ја чувствуваме од смртта на човек.
Многумина од учесниците кажале дека тие две болки не можат да се споредат, но и двете се ужасно длабоки. Ова истражување само потврдило дека луѓето имаат длабока поврзаност со своите домашни миленичиња и дека имаат силни чувства кон нив.