Се повеќе од јасно е дека малкумина Хрвати вчера можеа да заспијат по историската победа на „коцкестите“ над Англија, а со тоа и обезбедија пласман во финалето на СП.
Не спиеја ниту фудбалерите кои бурно ја прославија победата во хотелот.
Репрезентативците штом се вратија во хотелот нив ги дочека популарниот пејач Младен Грдовиќ кој со гитара се качи на маса и ја подигна атмосферата на највисоко ниво, а веднаш по него на масата се качи и голманот Субашиќ и останатите фудбалери, погледнете.
Инаку видеата од атмосферата и пред заминувањето од стадионот ги објави гордиот селектор Златко Далиќ.