„Имаме можност да го подигнеме нивото на разговорите за физички инвалидитет, така што ќе го вклучиме во својата нова линија на кукли“- се наведува во соопштението на производителот Мател.
Популарната кукла Барби ќе се бори против стигматизација на лицата со инвалидитет, откри компанијата.
Во колекцијата за 2019-та една од Барбиките ќе има инвалидска количка, а друга протеза на едната нога, која ќе може да се тргне.
Во пакетот ќе има и рампа за инвалидски колички, која ќе може да се намонтира на Барби куќата.