Поднесени се осум кандидатури за кандидат за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска на пресконференција го соопшти потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, кој истакна дека е потребно обединување околу кандидатот кој што ќе биде изберен на конвенцијата на 16 февруари.
Во јавноста досега само двајца кандидати ја открија својата кандидатура, Влатко Ѓорчев и д-р Филип Петровски. Ѓорчев веќе активно работи на терен за придобивање поддршка меѓу членството, но и од познати колумнисти, политичари од странство, како и новинари. Од друга страна д-р Петровски пред да ја поднесе кандидатурата на својот официјален ФБ профил преку видео кое одеше во живо на социјалните мрежи, соопшти дека има поддршка од организацијата „Македонија блокира“ и истакна дека со него како кандидат ВМРО-ДПМНЕ може да направи цврст десничарски блок за симнување од власт, на како што рече, Заев и неговата хунта.
Како фаворит за кандидат за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ медиумите ја прогласија професорката Гордана Силјановска Давкова која имаше цврст став во однос на уставните измени и жестоко го критикуваше носењето на законот за јазици, со кој албанскиот јазик станува официјален на целата територија на Македонија.
Од друга страна, се погласни се шпекулациите дека залудна е кандидатурата на Ѓорчев, кој според многумина нема автортитет и кредибилитет за таква поддршка, најпрвин меѓу самото членство, а потоа и во највисокото партиско раководство. Досега тој доби поддршка од својот колега пратеник Антонио Милошоски, кој јавно истакна дека ја поддржува неговата кандидатура.
Ѓорчев беше еден од пратениците, кој заедно со Тодоров беше еден од оние кои ги бранеа Заев и пратениците на 27 април во Собранието на Република Македонија. Тој, за тој негов потег, доби пофалби од премиерот Заев, но и од еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин прв претседател, Љубчо Георгиевски.
Еве го ова видео во кое Ѓорчев застана во одбрана на сегашниот премиер и пратениците од тогашните напади на луѓето кои влегоа во прес салата во Собранието на Република Македонија: