Како што јавува бугарската телевизија БТВ бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал од МВР на Бугарија и ДАНС (Државната агенција за национална безбедност) да извршат проверка на сите издадени бугарски документи на странски државјани.
Од владината прес-служба, пак, соопштуваат дека проверката треба да ги опфати последните пет години, а резултатите од проверката во најкус можен рок да му се достават на премиерот Борисов.