Дадилката која тепаше дете во Капитол мол осудена на затворска казна од 18 месеци

Една и пол година затворска казна доби дадилката кој го тепаше двегодишното момче во игротека во Капитол мол.
Вака пред два дена одлучил Кривичниот суд откако жената ја признала вината. Сега предметот по жалба е во Апелациониот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени.


Настанот кој ја вознемири цела македонска јавност се случи на 21 ноември лани, а малтретирањето врз детето било снимано од безбедносните камери на игротеката.
Видеото беше објавено јавно по што обвинителстовто го поднесе обвинението за дадилката. Во него се велеше дека додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја.
Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.