Дадилката на Наташа Беквалац сведочеше пред судот

Српските медиуми јавуваат дека дадилката на Наташа Беквалац денес сведочела на суд, во врска со физичкиот напад кој пред неколку месеци се случи во станот на пејачката кога Беквалац беше нападната од сопругот Лука Лазукиќ.
Таа пред судот, според информациите на локалните медиуми, останата на изјавата дадена на сослушувањето по инцидентот.


-Ј.М. навела дека за време на кавгата меѓу Наташа и Лука била во собата на нивната двомесечна ќерка кога слушнала врева, врисок и поместување на мебелот. Вознемирената девојка рекла дека не смеела да излезе од собата бидејќи се исплашила и се грижела за својата и безбедноста на малата Катја, изјавил добро информиран извор.
Сопругот на Беквалац е обвинет за семејно насилство, откако по расправија и нанел повреди на Наташа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.