Далас го декласираа Сакраменто, Лејкерс


Далас Маверикс ги победија Сакраменто Кингс како гости со 132:96 во директниот дуел за шестото место во Западната конференција, а повторно главен протагонист беше Лука Дончиќ, кој натпреварот го заврши со 28 поени, но 26 од нив постигна во првото полувреме, а во последната четвртина воопшто не се појави на теренот. Покрај тоа имаше и 11 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки. Се истакна и Кајри Ирвинг кој реализира 24 поени, 18 од нив во последните две четвртини, и 8 асистенции.

Оваа сезона, Словенецот постигнува безмалку 34 поени по натпревар со 9,8 асистенции и 9,1 скока. Ирвинг е на 25,3 поени, 5 скока и 5,3 асистенции, а Далас е многу блиску до обезбедување директен пласман во плејофот со оглед на тоа што победи на девет од последните десет натпревари.

ПиЏеј Вашингтон постигна 14 поени со 13 скока, додека Тим Хардавеј Џуниор постигна 22 поени за Маверикс, кои ја остварија петтата последователна победа. Најдобар кај „кралевите“ беше Домантас Сабонис со 12 поени, 11 скока и девет асистенции.

На десет натпревари до крајот на регуларната сезона во НБА лигата, продолжува френетичната трка за учество во плеј-офот и плеј-инот, особено во силната Западна конференција. Лос Анџелес Лејкерс ги победија Милвоки Бакс на гостински терен со 128:124 дури по две продолженија и тоа без Леброн Џејмс.

Кај Лејкерс блескаа Ентони Дејвис со 34 коша, 23 скокови и 4 блокади, од кои една во последната секунда од регуларниот тек врз Демијан Лилард, Остин Ривс кој постигна трипл дабл 29 коша, 14 скока и 12 асистенции и ДеАнџело Расел со 29 коша и 12 асистенции.

На Бакс не им помогна ниту „трипл-дабл“ ефектот на Јанис Адетокумбо, кој натпреварот го заврши со 29 поени, 21 скок и 11 асистенции. Сепак, Антетокунмпо промаши две слободни фрлања на 24,2 секунди до крајот на второто продолжение, откако Ривс погоди „тројка“ со која Лос Анџелес дојде до водство од 124:121. Демијан Лилард од Милвоки собра 27 поени и осум асистенции.

И покрај победата Лејкерси се на 9-тото место и доколку не се искачат на табелата, ќе мора да играат два натпревари во плеј ин доигрувањето за ласман во плеј офот.

Голден Стејт Вориорс го победи Мајами Хит со 113:92 на гостински терен, а Клеј Томпсон беше најдобар стрелец кај победничкиот тим со 28 поени. Џонатан Куминга постигна 18 поени за Голден Стејт. Вориорс водеа во поголемиот дел од натпреварот и ја преземаа контролата во последната четвртина. Тие ги задржаа Хит на само 6 од 22 шут од поле во тој период, зголемувајќи ја нивната предност на 22 поени. Кај Мајами најдобар беше Бам Адебајо со 24 асистенции, а Хејвуд Хајсмит додаде 15 поени.

Оклахома Сити Тандер ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 119:112 на гостински терен. Џејлен Вилијамс ја предводеше Оклахома со 26 поени, следен од Џош Гиди со 25 украдени топки и Шаи Гилџеус-Александер со 24. Тандер ги постигнаа последните 12 поени на натпреварот во последните три минути за да се извлечат за победа.

Зион Вилијамсон постигна 29 поени и 10 асистенции, Си Џеј МекКолум постигна 23 поени, а Треј Марфи Трети и Херберт Џонс имаа по 16 за Пеликанс.

РЕЗЛУТАТИ
Мајами Хит – Голден Стејт Вориорс 92:113
Милвоки Бакс – Лос Анџелес Лејкерс 124:128
Њу Орлеанс Пеликанс – Оклахома Сити Тандер 112:119
Сакраменто Кингс – Далас Маверикс 96:132

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 57 15.792 —
2. Њујорк Никс 43 28 .606 13 1/2
3. Филаделфија 76ерс 39 33 .542 18
4. Бруклин Нетс 27 45 .375 30
5. Торонто Репторс 23 49 .319 34

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗ
1. Милвоки Бакс 46 26 ,639 —
2. Кливленд Кавалирс 44 28 .611 2
3. Индијана Пејсерс 41 32 .562 5 1/2
4. Чикаго Булс 34 38 .472 12
5. Детроит Пистонс 12 60 .167 34

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Орландо Меџик 42 29.592 —
2. Мајами Хит 39 33 .542 3 1/2
3. Атланта Хокс 32 39 .451 10
4. Шарлот Хорнетс 17 54 .239 25
5. Вашингтон Визардс 14 58 .194 28 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Лос Анџелес Клиперс 44 27 .620 —
2. Сакраменто Кингс 42 30 .583 2 1/2
2. Феникс Санс 42 30 .583 2 1/2
4. Лос Анџелес Лејкерс 40 32 .556 4 1/2
5. Голден Стејт Вориорс 37 34 .521 7

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Њу Орлеанс Пеликанс 44 28 .611 —
2. Далас Маверикс 43 29 .597 1
3. Хјустон Рокетс 36 35 .507 7 1/2
4. Мемфис Гризлис 24 48 .333 20
5. Сан Антонио Спарс 16 56 .222 28

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 51 21 .708 —
2. Оклахома Сити Тандер 50 21 .704 0 1/2
3. Минесота Тимбервулфс 49 22 .690 1 1/2
4. Јута Џез 29 43 .403 22
5. Портланд Трејл Блејзерс 19 53 .264 32

Пронајдете не на следниве мрежи: