Ноќ на изненадувања во плеј-офот од НБА лигата, заокружена и со гостинска победа на Далас против Оклахома со која израмни во полуфиналната серија.
Словенецот Лука Дончиќ со нова феноменална партија од 29 поени, 10 скока и седум асистенции го водеше Далас до победа од 110-119, најзаслужен за триумфот.
Но, Лука, очигледно и со „тенки нерви“, не можеше да се помири со дел од провокациите на навивачите на Оклахома па во еден момент се впушти и во вербален конфликт со еден од нив покрај аут-линијата…
Luka Doncic confronted a Thunder fan sitting courtside heading into the last timeout 👀pic.twitter.com/gwre1TBhS5
— ClutchPoints (@ClutchPoints) May 10, 2024
ПЏ Вашингтон исто така постигна 29 поени, а имаше и 11 скока. Кајри Ирвинг даде само девет поени, но со 11 асистенции.
https://twitter.com/abigaiiiil/status/1788747908877025702?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1788747908877025702%7Ctwgr%5E81e8a46a364ad2ec210d426f09542d1bfa27bf2f%7Ctwcon%5Es1&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Fvideo-nba-plej-of-prv-poraz-na-oklahoma-siti-klivlend-go-iznenadi-boston%2F
Очекувано, најдобар играч кај Тандер беше Шеј Гилџес-Александер, најголемата ѕвезда во тимот, кој даде 33 коша, плус 12 скока и осум асистенции. Џејлен Вилијамс додаде 20, а Чет Холмгрен, вицешампионот во изборот за дебитант на сезоната, постигна 11 поени, имаше пет скока и шест асистенции.
Ова беше прв пораз за Тандер сезонава во плеј-офот и прв натпревар во втората половина од сезонава на кој примија повеќе од 100 поени.
Кливленд го изненади Бостон на гости, победувајќи го со убедливи 118:94, и израмни на 1:1. За изненадувањето се погрижија Донован Мичел со 29 поени, седум скока и осум асистенции, како и Еван Мобли (10 скока) и Карис Леверт (шест скока) кои постигнаа по 21 поен.
Џејсон Тејтум беше единствениот играч на Селтикс кој постигна повеќе од 20 поени, 25, плус седум украдени топки и шест асистенции. Следните два меча се играат во Кливленд.