Дали вашата љубов е вистинска или случајна комбинација?

Честопати, девојката не е сигурна околу својата позиција во врската и сѐ што е поврзано со тоа, па во умот се вртат прашањата „Зошто не сакаше да ми се јави пред пријателите?“, „Зошто не ми се јавил три дена?“…
„Периодот на пеперутките“ веќе заврши, па нејзе ѝ се чини дека тој сѐ почесто едвај чека таа да замине, за да може непречено да продолжи со своите обврски. И, во такви ситуации многу жени се лажат себеси дека се сложуваат со тоа и дека не им пречи, а всушност многу им пречи. Во овој случај, според стручните лица и советувачите, најважна е искреноста. Настојувајте тој да биде целосно искрен со вас.


Се јавува само по полноќ
Доколку момчето може да ви пише СМС порака во 1:40 часот по полноќ, а не може во 13:40 попладне, просто не му одговарајте. Ова е најсилниот признак дека него го интересира само секс и не му се прави многу муабет преку ден.
Одбива да ве запознае со пријателите
Ако има сериозни намери, ќе сака да ве претстави на своите пријатели. Можеби ќе договори заедничко излегување, или пак, ќе објави ваша слика на Инстаграм… Ќе најде начин. Ако, пак, за време на прошетка тој цело време гледа преку рамото стравувајќи дека ќе види некој познат, не се надевајте на нешто посериозно.
Комуникацијата оди тешко
Сигурни сте дека не сте дотолку здодевна личност, но секогаш кога разговарате, вашиот партнер некако, има израз на лицето како да не сака да биде со вас во тој момент. Доколку е навистина заинтересиран, ќе го занимаат вашите желби, интереси, амбиции, хобија… Можеби не за сите подробности, но барем малку мора да биде заинтересиран.
Не пружа каква било поддршка
Тоа вие сами ќе го почувствувате, ако вашиот партнер речиси никогаш не е подготвен да ви понуди поддршка се надевате, и кога тоа е потребно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.