Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија?

Општеството веќе долго време се интересира за феноменот познат како психопатија. Оваа состојба истовремено ни предизвикува и љубопитност и страв, па затоа обожуваме да ги гледаме документарците за најпознатите сериски убијци. Јасно ни е дека овие поединци им нанеле голема болка на луѓето, но не можеме а да не се запрашаме како размислуваат психопатите. Која е причината што лежи зад нивното однесување? Нѐ интересира мотивот и менталната состојба што доведува до такви ужасни злодела.
Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете внимание.
Дали навистина ги разбираме особините на психопатите и дали нашите омилени ликови од филмовите се однесуваат во согласност со дефиницијата за психопатија? Верувале или не, психопатите не се секогаш негативци, но за да си го олесниме овој комплициран концепт, ние сме одбрале да размислуваме на таков начин.
„Проблемот кај психопатијата што се прикажува во популарната култура е тоа што ликот без свест може да се гледа од 2 страни: Како влијателно чудовиште и како човек што сака да си ги исполни желбите. Сите понекогаш помислуваме што би се случило кога би се ослободиле од сите ограничувања, како што се вината, стравот и срамот. Тоа го објаснува фактот дека во популарната култура негативците не се единствените психопати. И хероите се честопати просоцијални психопати. Тие можеби имаат цели кои ги цениме и со кои се идентификуваме, но сепак убиваат без чувство на вина и каење, лажат без проблем за да го добијат тоа што го сакаат и немаат страв.

Ова се класични психопатски особини. Сите знаеме дека во фикцијата, негативците се психопати што сакаат да убиваат невини луѓе. Ретко се разговара за фактот што и хероите честопати се психопати кои сакаат да спасуваат невини луѓе“, објаснуваат експертите.
Психопатијата е прифатена како неминовен дел од нашето општество, но мора да се запрашаме колку навистина го разбираме ова нарушување. Психопатијата ни е далечен концепт, наменет за филмските негативци, сериските убијци и хорор приказните. Вистината е дека, тие се насекаде околу нас, незабележани и недијагностицирани. Експертите проценуваат дека 1% од популацијата на 18-годишна возраст се психопати, додека 16% од луѓето во затвор ги исполнуваат условите за да им биде поставена ваква дијагноза.
Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете внимание
Уште потешко ни е да прифатиме дека децата на многу рана возраст почнуваат да покажуваат психопатски тенденции. Психолозите препорачуваат да се одбегнува зборот „психопат“ кога се работи за деца и многумина ја одбегнуваат ваквата дијагноза. Наместо тоа, експертите ги нарекуваат овие деца „ладнокрвни и бесчувствителни“.
Ова се 4-те знаци на психопатија кај децата на кои треба да се обрне внимание:
1. Недостаток на вина и каење за нивните постапки
2. Знаци на агресија
3. Недостаток на емпатија
4. Површни емоции или отсуство на емоции, рамнодушност кон добиените казни и последиците
Општеството честопати ја игнорира можноста дека некое дете е психопат што доведува до лошо поставена дијагноза. Но, експертите сфатиле дека ако го игнорираат постоењето на психопатски тенденции кај децата, проблемот нема да исчезне.
Децата психопати може да бидат поделени во 2 групи. Првите се оние кои ги развиваат нивните тенденции како последица од надворешни влијанија, како на пример деца кои растат во лоши домашни услови. Вторите се деца кои покажуваат знаци на насилство. За да се справат со втората група деца, родителите мора да дадат сѐ од себе за да им го пружат најгрижливиот и најфункционалниот можен дом, но сепак и тоа не е гаранција дека детето ќе се смири и ќе престане да предизвикува неволји.
„Мислиме дека родителската љубов може да ги смени работите, но постојат случаи кога родителите прават сѐ што можат, а детето е едноставно лошо уште од самиот почеток“, откриваат психолозите.
Во денешно време, се верува дека нема лек за луѓето кои се родени со предиспозиција за ова нарушување. Овие деца најчесто го поминуваат животот во психијатриски установи и групни домови каде што учат како да се справат со нивната психопатија. Експертите и понатаму ја истражуваат оваа појава со надеж дека еден ден ќе го најдат вистинскиот лек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.