Претстава за тоа дали покрај себе имате верен маж или женкар можете да дознаете и врз основа на површен поглед. Машките кои имаат многу развиени раменици и тесни колкови се родени измамници, додека оние со големи и издолжени уши уживаат во самотијата и од нив треба да се чувате.
Заводниците имаат широки рамена
Мажите кои имаат многу развиени рамена и тесни колкови се родени заводници. Уживаат во флерт и љубовни авантури и затоа неможат да бидат со една девојка. Мегутоа, и со него можете да имате сериозна врска и долг брак, затоа што се многу романтичени. Овие мажи се во позиција своите избранички секојдневно да им посветуваат многу внимание и бакнежи.
Високо чело значи чувствителен тип
Ако на прв поглед ви се допадне маж кој има високо чело, знајте дека пред вас стои исклучително чувствително и имагинативно битие. Со него секогаш ќе ви биде забавно бидејќи тој сака да организира симпатични изненадувања на своите партнерки. Доколку запознаете маж со коцкасто чело, бидете внимателни затоа што тоа е знак дека е ладен и скржав на зборови.
Верните имаат меки уши
Бидете внимателни со мажите кои имаат големи и издолжени уши, предупредува д-р Стивенс. Тој ужива во самотијата и исклучително тешко се врзува за луѓе. За разлика од него, мажите со мали и меки уши се верени и сигурни партнери и на него секогаш можете да се потпрете. Доколку резенот на увото му е исклучително месен, значи дека имате голема среќа бидејќи тоа е карактеристика на исклучително храбар човек.
Високите се успешни, ниските се шармантни
Високите мажи оставаат силен впечаток врз животната средина каде и да се појават. Амбициозни се и најчесто се многу успешни. Ако имате симпатии кон ниски мажи, не се грижете затоа што тој може да има прекрасни квалитети. Недостатокот на сантиметри го надополнува со шарм и духовитост.
Одличните љубовници имаат мало Адамово јаболко
Мажите кои имаат мало Адамово јаболко се многу добри љубовници, вели д-р Стивенс. Тоа е затоа што јаболкото се намалува по дејство на хормонот тестостерон. Значи колку е таа помала, толку тој е пострастен и расположен за секс.
Закривените прсти откриваат лажливец
Доколку ви се допаѓа маж со големи прсти на нозете, знајте дека пред вас стои искрена особа. Малите стопала укажуваат на тоа дека на него најважен му е флертот. Ако забележите дека вашата симпатија има закривени прсти, бидете внимателни затоа што тој често не ја кажува вистината.
Дупката на брадата го краси емотивецот
Брадата може многу да ни открие за мажот. Ако е нагласена, тоа зборува дека е многу импулсивен, а доколку има мала и неупадлива брада укажува на личност која е многу колеблива и никогаш не знае што сака. Но, ако ви се допаѓа маж кој има дупка на брадата, бидете сигурни дека покрај него ќе се чувстуватае како кралица затоа што дупката е знак дека пред вас стои вистински романтичар.
Подолг палец значи одлучен човек
Погледнете какви му се шаките и ќе дознаете се за него тврди Елис Фанк. Еден маж кој има долг палец на рацете значи дека е многу одлучен и упорен, додека оној со широк палец лесно го губи својот темперамент и е нетрпелив. Широк среден прст имаат доминантните мажи, а нагласен домал прст оние кои се исклучително стабилни личности.Претстава за тоа дали покрај себе имате верен маж или женкар можете да дознаете и врз основа на површен поглед. Машкит