На фејсбук кружи писмо кое наводно Никола Димитров го испратил денеска до Заев. Бргу по експлозијата од оваа вест се јави МНР со демант. Наводно истата била фалсификувана. Ние не знаеме што е вистина а што не е. Нека си утврди МВР.
Но според текстот кој што може да се прочита не ни делува како лесен фалсификат. Имено, напишан е од писмен човек, со јасна мисла и на начин кој што е мошне прецизен. Тоа читање не наведе да мислиме дека ова може да е и оригинален текст, кој потоа е негиран за да се изгасне „пожарот“ во Владата. Оти ако падне Димитров, ќе следи по инерција колапс на целата структура. Зошто? Па затоа што е клучен играч на Заев во игранката за промена на името. Интервенираше ли амбасадата во овој случај не можеме со сигурност да кажеме.
Ете прочитајте си го текстот па проценете сами дали е оригинал или фалц.
Copyright 2018: Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.