Дали жените сакаат долг секс?

Постојат многу митови за сексот, а времетраењето на сексуалното искуство е еден од нив. Многумина сметаат дека жената сака сексoт да трае подолго, но она што треба да го разграничат е дека времетраењето на сексот не е еднакво на броjот на oргазми кои таа сака да ги доживее.

Некои жени можат да доживеат оргазам во првите три минути и се по тој момент може да биде болно и мачно искуство особено ако се цели на втор оргазам во ситуација кога желбата е намалена поради првичната кулминација.

Мажите очекуваат жените да завршат работа повеќе пати, а тоа ги приморува жените да глумат и мажите да „аргатат“ во кревет без да доживеат оргазам за да не им се отворат муабети дека немале кондиција – жените не го сакаат тоа.

Едно научно истражување издадено во билтенот за сексуална медицина објавило дека сексот од минутка до две е краток секс, а оној од три до седум минути жените го сметале за солиден. Иделното времетраење на сексот според жените е од седум до тринаесет минути, а сѐ над 15 минути е предолго и заморно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.