Експертите велат дека шопингот не е лоша метода за подигнување на расположението, но ефектите сепак, не траат долго.
Кога ќе ве зафати лошо расположение, вие се упатувате до вашиот најблизок трговски центар, нели? Не грижете се, сите ние го правиме тоа, а и експертите велат дека овој начин за да се расположиме не е толку лош.
Шопингот дефинитивно го крева расположението, без оглед на тоа дали сте пронашле нешто добро на распродажба, сте купиле нешто што сте го посакувале веќе подолго време, или сте нашле нешто што е одлично и направило да се чувствувате добро во него.
Но, постои една загатка околу тоа: чувството на среќа по купувањето не трае толку долго како што ни трае задоволството по некое интересно искуство кое ќе го доживееме. Кога купуваме предмети, по некое време ќе се навикнеме на нив и ни здосадуваат. Но, кога ќе вложиме пари за некое искуство – нешта како педикир или патување – задоволство не држи многу подолго време, бидејќи после се, остануваат убавите спомени.
Кога станува збор за интересни искуства, клучни се убавите спомени. Сеќавањето на позитивните искуства ни се задржуваат долго во меморија, што е спротивно на предметите, како што се нова кошула, која многу побрзо ќе ја заборавиме.
Затоа, следниот пат кога ќе се почувствувате лошо , наместо да отидете на шопинг, размислете за интересни настани кои можете да ги организирате. Не само што сеќавањата ќе ви траат подолго, туку и паричникот ќе ви остане полн!Експертите велат дека шопингот не е лоша метода за подигнување на расположението, но ефектите сепак, не траат