Прашањето „Колку ни се безбедни децата“, логично се поставува меѓу родителите.
Полициските билтени секојдневно се полни со информации за нападнати и претепани деца, во Скопје и другите градови.
На 22.03.2019 година во 22:45 часот во СВР-Скопје В.Г.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 21:30 часот на улицата “Грамос“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
На 23.03.2019 година во 20:30 часот во СВР-Скопје Г.К.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19:50 часот на улицата “Иван Хаџиниколов“ две лица на возраст од околу 14 до 15 години физички го нападнале неговиот 15 годишен син.
На 23.03.2019 година во 10:40 часот во СВР-Скопје А.И.(41) од с.Средно Коњари-скопско пријавила дека истиот ден околу 10:30 часот во с.Средно Коњари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.М.(54).
Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.