Инес е заштитнички поставена кон својата помлада сестра Меланија, барем така коментираат оние кои што се блиски со нив.
Додека нејзиниот сопруг ги извршува претседателските должности, првата дама на Америка, Меланија Трамп, сè повеќе се дружи со својата сестра Инес Кнаус, која што живее во Њујорк.
За сестрата на Меланија не се познати многу детали од нејзиниот живот во јавноста, само дека живее во двособен стан во Њујорк, кој што е во сопственост на организацијата на Трамп и дека е уметница.
„Тие се многу блиски, Инес е многу љубезна и креативна личност“ – изјавила Одри Грус, филантропка од Палм Бич.
View this post on Instagram
this is the original 📷 my mom took one hot October afternoon in NYC 2007 #Manhattan
Инес со јавноста комуницира само по пат на својот Фејсбук профил, на кој што повеќе зборува за својата сестра отколку за себе.