Дали протоколите важат и за членовите на Комисијата за заразни болести: Директорот на „Здравствен дом Скопје“ се журка на забава

Директорот на „ЈЗУ Здравствен дом Скопје“ Виктор Исјановски кој е член на Комисијата за заразни болести која одлучи да се забвранат настапите на музичарите во угостителските објекти се пофали дека присуствува на концерт на познат пејач од регионот.
По ова јавноста гневна започна да пишува и да прашува дали протоколите важат и за членовите на комисијата?
-Господинот на фотографијата е членот на комисијата која одлучува да се забранат настапи на музичари низ угостителски објекти. Дали мерките се донесени откако омилениот пејач на дотичниов гостувал, а за домашните дека имаат потреба од настани: „според епидемиолошката слика не е време сега“? Дали протоколите важат и за членовите на комисијата?, стои во еден од статусите на социјалните мрежи.

Извор: Курир.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.