Дали некогаш сте ги забележале овие бројки на рамката од вашите очила? Не се случајно ставени таму, но малку луѓе го знаат тоа.
Дали сте ги забележале овие броеви на рамката од вашите очила? Сите мислат дека не се битни, но во нив се кријат важни информации кои ќе ви го олеснат купувањето
Повеќето луѓе кои носат очила обично мислат дека овие броеви од страните на рамката имаат врска со ознаките на самиот модел на очила, што воопшто не е точно.
Малкумина знаат за што служат тие цифри што многу го олеснуваат купувањето очила, затоа што тие, всушност, ја означуваат големината на рамката. Сите вредности се изразени во милиметри.
На овој конкретен модел цифрите се 47-19-140. А тоа го означува следново:
47 – ова е големината на окото која обично варира од 40 мм до 62 мм.
19 – ова е ширината на коренот од носот. Обично оваа цифра варира од 14 до 24 мм.
140 – ова е должината на слепоочницата, а обично бројката варира од 120 до 150 мм.
Сите останати броеви на рамката од очилата обично се ознаки за нивниот модел и бојата.