Дали сте родени еден за друг?

Еве мали сигнали кои откриваат дека навистина сте ја пронашле вашата сродна душа …

1.Откако во текот на викендот се извикавте  по вашиот сакан (можеби поради ПМС), тој бргу излетал од вашиот стан… но ви остава линк од филмот кој знае дека ќе ви се допадне и ви носи колачи.

2. Неговото мото е: “Таа е на прво место.”

3. Кога го изрибал вашиот тоалет со добар детергент и ја исфрлил салатата од фрижидерот бидејќи “мирисала”, единственото нешто што можевте да си помислите е “Одлично, па тој се обидел да се исчисти мојот стан…”

4. Никогаш не ве замара со ѕвонење на телефон, кога сте излезени со другарките.

5. Само вие двајца се наоѓате во “Градината на страста”, каде имате се што ви е потребно. Единственото правило е да не наберете цвет од нечија туѓа градина.

6. Како и вас, и тој неконтролирано се смее во оние ситуации каде што на другите не им е баш смешно.

7. Му се допаѓаат вашите пријатели и никогаш негативно не искоментирл за ниеден од нив.

8. Му спремате екстра љута и зачинета вечера, но тој тврди дека е убава, и покрај фактот што неговите очи се во солзи.

9. Кога прв пат се запознавте, тој дури и не фрлил поглед во вашата прекрасна долгонога и”надарена” најдобра пријателка, за која сите мажи лудуваат.

10. Не ве обвинува дека ненајавено влетавте во неговиот дом, а камоли да помисли дека сте дошле за да го проверите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.