Дали ќе се национализира? Најголемиот британски снабдувач со вода банкротира

Најголемиот британски снабдувач со вода, Темза Вотер, денеска објави дека ќе остане без готовина до март 2025 година доколку не обезбеди судско одобрение за помош во износ од три милијарди фунти или 3,63 милијарди евра.Фирмата, која се грижи за потребите на 16 милиони клиенти во Лондон и долината Темза, бара дополнителни средства за да продолжи да обезбедува критични услуги за третман на вода и отпад.Компанијата е многу задолжена и може да биде привремено национализирана доколку не успее да ги реши финансиските тешкотии бидејќи нејзиниот вкупен долг е повеќе од 19 милијарди фунти, пишува Гардијан.Thames Water со нетрпение очекува два клучни датуми, 17 декември и 20 јануари, кога треба да обезбеди одобрение за дополнителни пари наречени „продолжување на ликвидноста“.Дополнително, компанијата „Темза Вотер“ наведе дека за 40 отсто е зголемен бројот на инциденти на компанијата поврзани со излевање на канализација, за што ги обвини рекордните врнежи во Британија во пролет и во текот на летото.Компанијата се соочи со негодување во јавноста поради излевањето на отпадни води во морињата и свежите води на Велика Британија, додава лондонскиот весник.

Пронајдете не на следниве мрежи: