Според спроведеното истражување било донесено заклучок дека колку што е поголема разликата во годините, толку се поголеми шансите за раскинување и разделба. Истражувањето било спроведено над околу 3000 луѓе.
Во врските во коишто старосната разлика помеѓу партнерите е 5 години, веројатноста за развод е 18 %, додека партнерите кај коишто разликата во годините е 10 години можноста за развод или рсаспад на врската е 39 %.
Најлошите резултати покажуваат дека веројатноста за распад на врската помеѓу оние коишто се 20 или повеќе години разлика достигнува и до 90 %. Најдобрата разлика во години помеѓу партнерите е една година, односно таквите парови имаат најмногу 3 % за прекин на љубовната врска.
Стручњаците веруваат дека причината за ваков резултат е фактот дека луѓето во различни периоди од животот имаат различни желби и поинакви животни вредности.