Претседавачот со Советот на Град Скопје, Трајко Славевки денеска уште еднаш предизвика инцидент на седницата за советнички прашања на Градот.
КУЛМИНИРА ПРИМИТИВИЗМОТ:
Насилието кое го покажува Славевски кон изберен градоначалник само ја покажува менталната матрица на тие што ги претставува. Тој смета дека може на сила и со ароганција да владее врз целиот град. Убаво е скопјани да видат дека целата опструкција на оние со „рачињата во медот“ сега е сконцентрирана во него. Невидено однесување од човек без интегритет – рече градоначалничката Данела Арсовска.
Славевски го исклучи микфорнот на главната говорница од која се обраќаа советниците и останатите присутни за да може да контролира кој ќе земе збор и повторно да гаси микрофони.
Славевски во еден момент му се закани на замнеик-градоначалникот Трајановски дека ќе го исфрли од седницата, кога му беше укажано дека неговата постапка е спротивна на Деловникот за работа на Советот.
– Вие можете да земете збор на советник, не на градоначалник. Вие сте овде тиранин и деспот кој 12 месеци не успеа да го научи Деловникот, рече градоначалничката Арсовска откако не ѝ беше овозможено да одговори на советничко прашање поради изгасениот микрофон.
Славевски само кратко одговори дека е Хитлер и веднаш потоа ја прекина и презакажа седницата за советнички пршања.
Ваквиот однос на Славвески не е ништо ново, претходно тој во неколку наврати ѝ одземаше збор на градоначалничката Арсовска, а последниот пат дури и физички ѝ го одзема микрофонот откако од опремата беше отстрането неговото копче со кое ги гасеше микрофоните.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.