ДАНСКА ДОБИ НОВ КРАЛ – Маргарет II се повлече и му го предаде тронот на својот син 

Фредерик X денес стана новиот крал на Данска, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргарета Втора, која формално абдицира по 52 години владеење.

Фредерик X стапна на тронот на состанокот на Владата во 14 часот, кога кралицата Маргарета ја потпиша декларацијата за абдикација.

ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа Соврановски
Телото на мртвата 25-годишна девојка е пронајдено во шума во близина на местото каде што живеела. Маж (45) е во притвор бидејќи се вели …
Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, денеска во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин. Денеска …

Покрај кралицата, во кабинетот присуствуваа и владините министри и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан.

Телевизијата прикажа снимка од кралицата Маргарета како го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромни толпи во Копенхаген.

Наследувањето на тронот во Данска е свечена церемонија која всушност не бара ништо друго освен потпис.

Така, кога кралицата го стави својот потпис на документот, тоа значи дека може да се прогласи новиот регент.

Кралицата Маргарета беше на данскиот трон 52 години, од 14 јануари 1972 година до денеска. Таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко, кралот Фредерик IX.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.