Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ денес во раните утрински часови станаа родители.
Марина се породи во 7 часот и 15 минути, а Дарко среќните вести веднаш ги сподели со своите обожаватели.
„Драга наше семејство, наши кумови, наши пријатели, наши познаници, денес во 7.15 ма овој свет дојде нашиот мал ангел, нашиот син Алексеј. Сакаме оваа радосна вест да ја споделиме со вас, голем поздрав“ напиша познатиот пејач на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Името Алексеј потекнува од грчкото име Александрос, со значење заштитник на луѓето. Алексо означува заштита, а Андрос – мажествен маж.
Инаку, Дарко Лзиќ со поранешната сопруга, пејачката Ана Севиќ, има ќерка Лорена, а нивниот брак официјално беше завршен на 19 јуни оваа година.
Разводот се случи непосредно пред породувањето на Марина Гагиќ, а Дарко Лазиќ изјави дека се кае што порано не успеал да го заврши тој брак.