Дарко Лазиќ повторно ќе се жени, а свршеничкиот прстен чини цело богатство

Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се уште не се официјално разведени, поради проблемот со поделба на имотот, а пејачот веќе планира да вплови во нов брак, со оглед на тоа дека за Марина Гагиќ купил свршенички прстен од дури 15.000 евра!
Иако во неколку наврати споменал дека по неколку години би сакала повторно да застане на лудиот камен, решил дека нема причина за чекање, па неколку слобдни денови во српската престолнина минал барајќи го идеалниот прстен за запросување.


-Дарко и Марина во врска се половина година, но нивниот однос е како да се 10 години заедно. Иако често низ заедничките дружења споменува дека таа е девојка на неговиот живот и дека ќе се ожени со неа, не го сфаќавме сериозно додека не почна да се распрашува каде да најде свршенички прстен поинаков од сите други. На крајот најде еден за кој реши дека е најдобар, но и најскап, дури 15.000 евра – вели извор близок на пејачот.
-Јасно ви е дека кога за прстен дал 15.000 евра, што ќе биде со венчавката. И Марина и Дарко се од мало место, каде традиција е да се направи голема свадба. Кога разговаравме за венчавка, рече дека ќе направи таква веселба што никој нема да се сеќава на неговиот прв брак и венчавката со Севиќ. Навистина заслужува да биде среќн, а неговата девојка да има се крај него – додава изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.