Познатиот Дарко Лазиќ фановите го критикуваа поради вишокот на килограми, но сега самиот се пофали дека изгубил повеќе од 15 килограми за неполни 10 дена и нема намера тука да застане.
Пејачот се чувствува како да му паднал товарот, за што отворено зборуваше.
„Супер ми е… Беше малку тешко првите 5 – 6 дена, но сега е добро. Заедно со диетата мора да се има физичка активност што јас, за жал, не можев да ја имам бидејќи колкот почна да страда заради тежината“ – вели задоволно Дарко и продолжува:
„Можев да ослабам на друг начин, но тоа ќе траеше многу подолго“ – објасни пејачот, кој отиде на операција за намалување на желудникот.
„Не сакав да страдам повеќе бидејќи сакам што побрзо да започнам да се движам нормално, да одам, да шетам и сега се стремам кон тоа.
Така што ова беше најдоброто решение да се изгуби тежина што е можно поскоро“ – заклучи Дарко.