Иако оваа година ги потпиша документите за развод од Ана Севиќ, српскиот пејач Дарко Лазиќ веќе е подготвен повторно да заплови во брачните води со неговата девојка Марина Гагиќ, со која неколку месеци е во врска.
-Многу сум среќен и не можам да кријам колку сум заљубен во Марина.За брак со нејзе размислувам се повеќе, само чекам малку се` да помине, не треба да се брза. Убаво ни е и вака, а кога ќе дојде време за брак, добредојден, вели Дарко и додава:
„Едвај чекам да ми роди син.Многу сакам деца и сега кога велам син се шегувам, но едвај чека повторно да станам татко и не е важно дали ќе биде момче или девојче“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.