Два смртни случаи најверојатно поради вакцината Астра Зенека

Белгиската агенција за лекови информираше дека се регистрирани два смртни случаи во земјата по вакцинација со Астра Зенека, смртта најверојатно се должи на вакцината.
Агенцијата секој четврток ја информира јавноста за несаканите дејствија од лековите и вакцините.
За првпат денеска се регистрирани две починати лица откако примиле доза од Астра Зенека.
Агенцијата порача дека нивната смрт најверојатно е поврзана за вакцината. Најчести нус појави регистрирани во Белгија во вакцинацијата се покачена телесна температура, болки во мускулите и реакција на местото каде е примена инјекцијата.
Овие несакани дејствија најчесто се појавуваат после втората доза со вакцините на Фајзер и Модерна, и после првата доза со Астра Зенека.
Од сите 14.601 пријавени случаи на несакани појави, белгиската агенција смета дека 3077 се сериозни.
Регистрирани се вкупно 126 смртни случаи, но само последните два се сметаат за поврзани со вакцината. Во Белгија до сега речиси четири милиони граѓани примиле барем една доза вакцина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.