Вчера околу 16 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, пријавено е дека В.Т. (53) од Охрид била нападната од кучиња, сопственост на В.Б. (38) од Охрид. И.М. (50) од Охрид се обидел да и помогне, но и тој бил нападнат. И В.Т. и И.М. биле пренесени во Општата болница во Охрид.
По документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава против В.Б. (38) од Охрид.