На претседателските избори кои во неделата се одржаа во Црна Гора, двајцата кандидати Филип Вујановиќ и Миодраг Лекиќ прогласија победа, па се очекува во понеделник Државната изборна комисија да соопшти кој е победникот.Вујановиќ победата по пребројани 100 отсто од гласачките ливчиња, според неговиот изборен штаб тој освои 51,3 отсто од гласовите. Вујановиќ им се заблагодарил на граѓаните за поддршката и на претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ кој беше шеф на неговиот изборен штаб.Независниот кандидат Миодраг Лекиќ, во изјава за новинарите дадена во просториите на опозицискиот Демократски фронт, рекол дека по обработени 97 отсто од гласачките ливчиња тој е новиот претседател на Црна Гора. Лекиќ го предупредил Вујановиќ на сериозноста на ситуацијата и нагласил дека тоа што тој прогласил победа има елементи на „државен удар“.Лекиќ порачал дека нема да ја признае „изборната кражба“ и ги повикал своите приврзаници да протестираат пред Државната изборна комисија се додека таа не ги објави резултатите.Од друга страна премиерот и лидер на ДПС Мило Ѓукановиќ рекол дека „нема потреба за кревање на тензии“, повикувајќи ги членовите и поддржувачите на партијата да не наседнуваат на провокациите од Демократскиот фронт, бидејќи победата на Вујановиќ била „чиста како солза“.
МакфаксНа претседателските избори кои во неделата се одржаа во Црна Гора, двајцата кандидати Филип Вујановиќ и Миодраг Лекиќ