Победничката на втората сезона на „Задруга“, Луна Џогани реши да ја направи својата прва тетоважа, а своето искуство го сподели со своите следбеници на Јутјуб.
Таа истетовирала две букви М под градите, првите букви од името на ќерката Миа и сопругот Марко, но и знакот на бесконечноста.
„Многу боли! Никогаш повеќе ова, никогаш“! – се пожали Луна, а потоа откри дека е презадоволна од тоа како испаднало се.