Брачен пар од гратчето Пинос Пуенте во близина на Гренада, Шпанија две години не можеле како луѓе да се наспијат поради постојаните гласни звуци кои доаѓале од ѕидовите од нивниот дом. По две години без сон решиле да го урнат ѕидот во спалната соба и таму нашле огромно гнездо со пчели. Имало повеќе од 80.000 пчели, што живееле во ѕидот на нивната спална соба. Го повикале локалниот пчелар, кому му требале седум часа за да ја извади кошницата, да ги ослободи пчелите и неповредени да ги врати во природа.
Пчеларот смета дека причина за ваквата појава се климатските промени и се помалиот број дрвја, каде пчелите може да се населат.