Две години откако ја легализираше Тајланд планира да ја забрана рекреативната употреба на канабисот






Две години откако Тајланд го легализираше канабисот, земјата е подготвена да воведе забрана за „рекреативна“ употреба и да го запре слободниот пазар на дрогата.

Легализацијата на канабисот го поттикна туризмот и земјоделството во Тајланд и создаде илјадници продавници, но се соочи со бурни реакции во јавноста поради перцепциите дека недоволната регулатива ја направи дрогата достапна за децата и го поттикна криминалот.

Тајландскиот министер за здравство Чонланан Шрикау минатата недела изјави дека му препорачал на Владата нацрт-закон со кој ќе се забрани рекреативната употреба на канабис, а истовремено ќе се дозволи неговата медицинска употреба.

Тајланд е првата земја во Азија која го легализираше канабисот. Декриминализацијата беше предводена од партијата Бумџаитаи. Упориштето на партијата е во сиромашните североисточни региони на земјата, каде што им вети на земјоделците дека канабисот ќе биде нова профитабилна култура.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: