Синоќа во 21.40 часот во СВР Скопје, Г.К.(46) од селото Ракотинци, скопско, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица.
Слично, 40 минути порано, во СВР Скопје, Ѓ.Н.(46) пријавил дека во Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, објави МВР во дневниот билтен.